Top Sport

Наполи нуди 15 милиони за Џек Вилшир

Примарна цел на Наполи оваа сезона е шампионската титула во Серија А. Поради тоа, раководството ќе се обиде да ја засили екипата во јануарскиот преоден рок.

Тренерот на лидерот во италијанскиот шампионат, Маврицио Сари, неодамна изјави дека на тимот му е неопходен по еден нов играч во секоја линија.

Првото засилување што ќе се обиде да го обезбеди Наполи во јануарскиот преоден рок е играчот на Арсенал, Џек Вилшир.

Наполи за овој играч е подготвен да плати 15 милиони евра, што преставува добра сума со оглед на тоа што на поранешниот англиски репрезентативец договорот му истекува по завршувањето на сезоната.

Вилшир сезонава има одиграно 17 натпревари во сите натпреварувања и има постигнато еден гол.

Scroll to Top