Наполи го победи Милан со 3:2 во вториот меч одигран во саботата, во рамките на второто коло во Серија А. Наполи успеа да победи иако по 50 минути игра имаше негатива од два гола.
Милан во чии редови на овој меч дебитираа засилувањата Игуаин, Бакајоко и Лаксалт, првиот гол го постигна во 15.минута, кога со фантастичен удар Бонавентура го совлада дебитантот во дресот на Наполи, Давид Оспина.
На стартот од второто полувреме, нов студен туш на Наполи му сервираше десниот бек на Милан, Калабрија, кој го натера Оспина втор пат да ја вади топката од својата мрежа.
Негативата од два гола Наполи ја стигна во интервал од 14 минути. Во периодот од 53. до 67.минута полскиот репрезентативец, Пјотр Зјелински постигна два готово идентични гола.
Конечниот удар на Милан му го зададе Белгиецот Дрис Мертенс во 81.минута.