Наполи на совршен начин го зголеми водството на врвот на Серија А, откако со 5:0 славеше на незгодното гостување кај Каљари, за да направи предност од 5 поени пред Јувентус, чиј меч викендов беше одложен поради снегот во Италија.
Пет различни фудбалери беа стрелци за „партенопеи “ – Калехон, Мертенс, Хамшик, Инсиње (од пенал) и Руи за апсолутна доминација на „Сардења арената“ и за десетта победа едноподруго во Серија А, за замолчување на сомничавите кои сметаа дека Наполи ќе потклекне во долгата сезона и борбата со Јуве за скудетото.