Иако на чело на клубот од Неапол е само половина сезона, Карло Анчелоти најверојатно ќе добие нов договор за долгорочна соработка со Наполи, кои уште повеќе се импресионирани од неговиот помошник, синот Давиде.
Според весникот „Ил матино“, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис има „јасен и амбициозен проект“ за во иднината, а Анчелоти треба да биде лидер. Поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид и Баерн Минхен потпиша тригодишен договор минатото лето и има 18 победи во 27 натпревари, но и незгодно испаѓање од Лигата на шампионите.
Де Лаурентис би сакал да му даде договор на Анчелоти барем до 2024 година, а весникот додава дека тимот е импресиониран од неговиот син Давиде, кој му е асистент, и веруваат дека тој може да биде потенцијален прв тренер во иднина. 29-годишниот Давиде Анчелоти му беше помошник на таткото додека тој работеше во ПСЖ, Мадрид и Баерн Минхен, а исто така има и „А“ лиценца од УЕФА.