Top Sport

Наполи продолжува со „маршот“ кон Скудетото, сега имаат +16 пред Интер!

Наполи направи уште еден чекор до првото скудето од ерата на Диего Марадона, откако се „разбудија“ во второто полувреме за убедлива 0:3 победа на гостувањето кај Специја, со која избегаа на 16 поени пред второпласираниот Интер, пред нивното градско дерби против Милан.

„Партенопеи“ дојдоа во водство на стартот на второто полувреме, кога Хвича Кварацхелија беше прецизен од белата точка, откако во првото полувреме не искористија неколку шанси. Македонскиот репрезентивец Елиф Елмас овојпат не беше стартер, и тренерот Лучано Спалети му даде шанса да влезе во игра на место на Пјотр Зиелински во 63. минута.

Само шест минути подоцна, Виктор Осимен стрелаше за 0:2, за веќе во 73. минута нигерискиот напаѓач да го постигне својот втор гол за потврда на победата.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top