Наполи се откажале од можниот трансфер на Лука Јовиќ. Клубот од „Сан Паоло“ ќе бара други решенија за нападот на тимот објавија медиумите на Апенините.
Весникот „Ил Матино“ пишува дека Наполи бара замена за Аркадиуш Милик кој нема да го продолжи договорот. Полјакот има договор со клубот до 2021 година.
Бидејќи претседателот Аурелио Де Лаурентис не сака да дозволи Милик како слободен играч наредното лето да замине од клубот решил да го продаде напаѓачот, а на неговото место да донесе друг фудбалер.
Откако клубот се откажал од можноста да преговара за Јовиќ во опција останале двајца фудбалери Виктор Осимен од Лил и Сардар Азмун од Зенит.
Осимен има 21 година, а Лил за него бара 55 милиони евра. За овој фудбалер интерес покажува и Арсенал што претставува дополнителен проблем за Наполи.
Азмун или како што го нарекуваат „иранскиот Меси“ е поефтин од Осимен, неговата цена се движи помеѓу 30 и 35 милиони евра.