Top Sport

(Видео) Наполи се збогува со Скудетото

Фудбалерите на Лацио победија како гости на „Марадона“ стадионот со 2:0 во 33-то коло од Серија А. Овој пораз на Наполи значи дека трката за титулата практично е завршена, бидејќи лидерот Интер остана 12 бода пред Наполи на само пет кола пред крајот на сезоната во Серија А.

Дури и победата не би ги зголемила многу шансите на тимот на Антонио Конте да остане во трката за „нероазурите“, надежта само би тлеела малку подолго, но сега дефинитивно е згасната.

Единествена светлата точка нкај Наполитанците, во поразот беше српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ.

Голманот направи сè што можеше, па дури и повеќе, за тимот да постигне позитивен резултат, дури и го одбрани пеналот за Закањи во 31-та минута. Сето тоа беше залудно бидејќи неговите играчи беа толку анемични ова попладне што го имаа првиот удар кон голот во 80-та минута.

Дотогаш, српскиот голман капитулираше двапати.

Лацио поведе преку Матео Канчелиери во 6-та минута, а точка на победата стави Хрватот Тома Башиќ во 57-та минута. Гостите можеа да постигнат поубедлива победа, но Милинковиќ-Савиќ спречи уште поголема бламажа за својот тим.

Македонскиот репрезентаивец Елиф Елмас, го одигра второто полувреме, кога влезе на теренот на местото на Кевин де Брујне.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');