Наполи го совлада шампионот Милан на „Сан Сиро“ со 1:2 и повторно е на врвот на табелата во Серија А со 17 бода, колку што има и Аталанта. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во последните неколку минути од дербито во Милано.
Матео Политано во 55.минута од пенал донесе предност за Наполи, а израмни Оливие Жиру во 69.минута.
Џовани Симеоне е херојот на Наполи откако постигна победнички гол во 78.минута од мечот.