Наполи потврдија дека Марек Хамшик ќе биде почестен со посебна награда пред мечот од Лигата на шампионите против Генк во вторник.
„Хамшиќ ќе биде присутен во Италија тогаш и самиот Марек го потврди тоа. Еден час пред натпреварот ќе му приредиме мала церемонија и ќе го изненадиме со подарок. Тој е личност која е сакана од наполитанците“, изјави портпаролот на клубот, Алесандро Формизано.
Словакот играше во Наполи 12 години, од 2007 до 2019 година, а во февруари замина во кинескиот Далијан Јифанг, и имаше 520 настапи за „партенопеи“ и 121 постигнат гол, со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот, иако Дрис Мертенс оваа сезона му се доближи со 117 голови.
На Наполи им е потребен само поен против Генк за да обезбедат место во осминафиналето на Лигата на шампионите.