Top Sport

Роналдињо: Манчестер сити се подготвени за Лигата на шампионите

Поранешниот напаѓач на Барселона, легендарниот Роналдињо вели дека верува дека Пеп Гвардиола ќе го освои трофејот од Лигата на шампионите со Манчестер сити за прекинувањето на „европската суша“ на каталонскиот тренер.

„Се работи за тешко натпреварување, но Пеп е толку добар тренер со одличен тим зад него и можат да ја освојат титулата оваа година“, изјави Роналдињо за „Ројтерс“ при посет на Будимпешта за промоција на текбал, мешавина на фудбал и пинг-понг.

Во трите сезони на клупата на Сити, Гвардиола освои две титули од Премиер лигата и по еден од ФА купот и Лига купот, но во Лигата на шмпионите не успеаја да направат добар резултат. 39-годишниот Роналдињо признава дека стилот на игра на Сити не ги промовира индивидуалните таленти како неговиот, но додава дека тоа не е проблем.

„Не ги гледам нивните мечеви во целост, обично само најдобрите делови, но тоа што го гледам од Манчестер сити ми се допаѓа многу“, додава Роналдињо.

Ова е малку изненадувачка изјава на Роналдињо, кој беше изоставан од тимот на Барселона од Гвардиола по неговото преземање на клубот во 2008, што според многумина беше крај на најдобриот дел од кариерата на Бразилецот. Роналдињо потоа замина во Милан и по три сезони се врати во Бразил.

Scroll to Top