Наполи направи уште еден чекор кон своето трето скудето во историјата, победувајќи со 2:1 на гостувањето кај Лече да направи 19 поени предност пред Лацио, кои викендов играат со Јувентус.
Џовани ди Лоренцо уште во 18. минута донесе водство за гостите, но Лече се врати во живот во 55. минута со голот на Федерико ди Франческо. Кога изгледаше дека клубот од јужна Италија ќе освои поен по пет порази едноподруго, во 64. минута, Антонино Гало си постигна несреќен автогол за нов пораз.
Лече сега се на 16. место на табелата со 27 поени, уште високи осум поени над зоната за испаѓање.
GOAL | Lecce 1-2 Napoli
Gallo (contra)pic.twitter.com/oQbu2loPx7
— VAR Tático (@vartatico) April 7, 2023