Top Sport

Наполи со ултиматум до Икарди: Или потпиши до среда или не сме заинтересирани

Наполи му дале рок на Мауро Икарди до среда да прифати трансфер на „Сан Паоло“, иако аргентинскиот напаѓач уште го чека најавениот трансфер во Јувентус, јавуваат италијанските медиуми.

Партенопеи едноставно можат да се договорат со Интер за трансфер од 60 милиони евра плус бонуси или со праќање на Аркадијуш Милик за дополнителен попуст од 10 милиони евра. Меѓутоа, Икарди ги чека „бјанконерите“ и според „Тутоспорт“, во Неапол ги губат нервите и тврдат дека понудата е на маса до среда.

Од друга страна во Јувентус не се толку сигурни дека им е потребен Икарди, посебно бидејќи не успеаја да најдат нови клубови за Пауло Дибала, Гонзало Игуаин и Марио Манџукиќ по „пропаста“ на преговорите со повеќе клубови. На Интер пак, дефинитивно нема да им биде потребен Икарди, откако веќе пристигна Ромелу Лукаку, а се очекува и потврда на трансферот на Алексис Санчез.

Scroll to Top