Top Sport

Мектоминеј: Погба умее да направи сè

Шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј вели дека неговиот соиграч од Манчестер јунајтед, Пол Погба е „играч од светска класа“ кој умее да направи било што на фудбалскиот терен.

22-годишниот Мектоминеј беше партнер на Погба во средината на теренот за Јунајтед во текот на летните подготвителни мечеви, но и при 4:0 победата над Челси во првото коло од Премиер лигата, кога Погба имаше целосна слобода на игра и имаше две асистенции. Мектоминеј беше задолжен за дисциплината на теренот и Шкотланѓанецот, кој е во Јунајтед од 2002 е импресиониран.

„Кога играте со Пол, знаете дека сака да влезе во шестнаесетникот и вашата работа е да го осигурате задниот дел. Секако, морате да го почитувате фактот дека Пол е играч од светска класа кој може да направи сè на теренот. Морате да се адаптирате да играте со него, за разлика од партиите во кои играте со Матиќ, Фред или Переира. Имам одлични односи со него и се надевам дека ќе биде уште подобро во иднина“, вели Мектоминеј.

Scroll to Top