Top Sport

Едерсон ќе биде „граѓанин“ до 2025 година

Голманот на Манчестер сити, Едерсон, го продолжи договорот на уште две сезони, што значи дека на „Етихад“ ќе остане до 2025 година.

Бразилецот во „синиот“ дел на Манчестер пристигна минатото лето од Бенфика за сума од 35 милиони фунти. Сезонава настапи на 45 натпревари, успевајќи на 21 од нив да остане несовладан.

„Воодушевен сум поради новиот договор. Тоа значи дека во Сити се задоволни од мојата работа, дека ми веруваат, а јас се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата“, рекол 24-годишниот голман.

Манчестер сити шампионската сезона ја заврши вчера со победата во Саутемптон (1:0). Сити до титулата дојде со рекордни 100 бода.

Scroll to Top