Top Sport

Наполи за едно полувреме ја прегази Аталанта

Фудбалерите на Наполи ја прегазија Аталанта со 4:1 во четвртото коло во Серија А. Наполи без Елиф Елмас за едно полувреме го реши прашањето околу конечниот победник.

Ирвинг Лозано во интервал од четити минути ја најави катастрофата на Аталанта. Мексиканецот погоди во 23 и 27 минута. Три гола по вториот гол на Лозано Матео Политано со прецизен удар го совлада Спортиело. Точка на блескавото прво полувреме кое го одиграа играчите на Наполи стави Виктор Осимен.

Напаѓачот за кого Наполи платија 70 милиони евра го постига деби голот во Серија А.

Во второто полувреме играчите не форсираа па Аталанта успеа да го постигне почесниот гол преку Ламерс во 69 минута.

Scroll to Top