Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис веќе зборувал со претседателот на Џенова, но и со агентот на Кшитоф Пјатек во обид сензационалниот напаѓач да го донесе на „Сан Паоло“.
Полјакот неочекувано е најдобар стрелец во Серија со девет гола во седум натпревари, и 23-годишниот напаѓач веднаш дојде на „радарот“ на врвните тимови, со Барселона и Борусија Дортмунд како најсериозни кандидати.
Де Лаурентис признава дека зборувал со претседателот на Џенова, Прециози, но дека нема да влезат во „аукција“ за Пјатек.
„Зборував со Прециози и со агентот на Пјатек, и сега треба да се сретнеме. Но, не сакам аукција за него, со целосна почит кон фудбалерот, бидејќи треба да се види дали може да го покаже истото во Наполи како во Џенова“, вели Де Лаурентис.
Пјатек ја почна кариерата во Полска со Лехија Джерзониов и Заглебие Лубин, пред да направи трансфер во Краковија во 2016 година. Во 2017/18 тој постигна 21 натпревар во 36 натпревари во полската прва лига, по што Џенова реши да го „улови“.
Фото: ЕПА
Пјатек може да се израмни со Виери, но Батистута е далеку (видео)