Top Sport

Напредок од три места, Македонија е 73. на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација продолжува да напредува на ранг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА). На првото рангирање за оваа година Македонија напредува за три позиции и сега се наоѓа на 73.место.

Од репрезентациите од поранешна Југославија најдобро котира Хрватска (15), па следуваат Србија (37), Босна и Херцеговина (38), Црна Гора (46), Словенија (60), Косово (178).

Инаку најдобрите десет во светот ги задржаа позициите од претходното рангирање, прва е Германија а потоа следуваат, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле.

Scroll to Top