Top Sport

Зидан понудил оставка

Тренерот на актуелниот шпански и евроспки шампион Реал Мадрид, Зинедин Зидан, наводно ја понудил својата оставка поради резултатската криза во која се наоѓа тимот.

На половина од сезоната во Ла Лига, Реал се наоѓа на четвртото место на табелата со 19 бода помалку од Барселона и 10 од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан има опција во договорот според која може да го напушти Реал по завршувањето на сезоната и дека во тој случај го очекува селекторската функција во француската репрезентација по завршувањето на Светското првенство во Русија.

Лошите резултати на Реал се поврзани и со слабата форма во која се наоѓа Кристијано Роналдо, кој сезонава има постигнато само четири гола во Ла Лига. Португалецот, според шпекулациите е незадовоелн на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи претседателот не го исполнил ветувањето и не му ја покачил платата поради што тој се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед и тоа во овој преоден рок.

„Не можам да го замислам Реал без Кристијано, ова е негов клуб и место каде што треба да биде. Сите знаеме што зборуваат луѓе кои не се поврзани со клубот, но тој мора да мисли само на играта. Сите го сакаат поради она што го има направено за клубот. Се наоѓаме во тешка ситуација но тој и понатаму е со нас. Доволно е искусен за да може да се избори со оваа ситуација“, рекол Зидан.

Реал вечерва ќе му гостува на Леганес во првиот четврт-финален натпревар во Купот На Кралот.

Scroll to Top