Единсон Кавани до крајот на сезоната ќе остане во Пари Сен Жермен, а пота како слободен играч ќе замине од Париз. Атлетико Мадрид веќе подолг период се обидуваат да го донесат Уругваецот и според „Мундо Депортиво“ тој трансфер ќе биде реализиран во летниот преоден рок.
Клупскиот буџет не му дозволува на Атлетико да го донесат Кавани во јануарскиот преоден рок. Проблем е платата на напаѓачот, тој во Париз заработува 18 милиони евра годишно.
Според истиот извор и Кавани бил заинтересиран за да се пресели на „Ванда Метрополитано“.