Top Sport

Црна Гора и Србија изборија олимписки квалификации

Србија и Црна Гора изборија играат во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио. Овие две селекции завршија на третото место во своите групи на Светското првенство за ракометарки во Јапонија. На 13 декември Србија и Црна Гора ќе се борат за петтото место на СП.

Србинките благодарение на Норвешка завршија на третото место во Групата 1. Претпладнево Србија одигра 26:26 со Данска, до третата позиција стигнаа благодарение на победата на Норвешка над Германија 32:29.

Норвежанките со осум бода се први во Групата 1, втора со два бода помалку е Холандија. Овие две репрезентации се пласираа во полу-финалето. Србија и Германија освоија по пет бода, но Србинките имаат подобар скор од Германките и се на третата позиција. Данска го освои петтото, а Јужна Кореја шестото место.

Црна Гора во Групата 2 со победата над Шведска 26:23 си ја обезбедија третата позиција на табелата. Претходно во оваа група Русија ја потврди првата позиција со победата над Шпанија со 36:26, додека Јапонија ја декласира Романија со 37:20.

Во конечниот пласман Русија има 10, Шпанија седум, Црна Гора шест, Шведска пет, Јапонија два, а Романките завршија без бодови.

Во полуфиналето ќе играат Русија-Холандија и Норвешка-Шпанија.

Scroll to Top