Тотенхем, европскиот вице-првак, има сериозни проблеми од почетокот на сезоната. Екипата на Маурицио Покетино, по поразот од Лестер заостанува веќе десет бода зад Ливерпул, по само шет кола, а синоќа Тотенхем беа елиминирани од Колчестер во Лига купот.
Менаџерот на Тотенхем, Покетино, порачува дека на неговиот тим ќе му треба време да ја врати хармонијата и да закрепне од лошиот почеток на сезоната.
Аргентинецот смета дека хармонијата била наруѓена во моментот кога неколкумина фудбалери во текот на преодниот рок побарале да го напуштат клубот.
„Потребно ни е време за да ја изградиме повторно цврстината која ние потребна да се натпреваруваме на ова ниво. Кога имаш тим во кој владее незадоволство секогаш е тешко. Губиш време за да ја вратиш хармонијата. Тука сме ние во овој момент. Можеби играме добро, но ни треба нешто дополнително“, рекол Покетино.
Пред Тотенхем следуваат два тешки натпревари, против Саутемптон во Премиер лигата и Баерн Минхен во Лигата на шампионите.