Челниците на италијанскиот шампион Јувентус наскоро ќе им понудат нови договор на двајца фудбалери, Војех Шчешни и Хуан Квадрадо.
Полјакот и Колумбиецот оваа сезона се стандардни членови на првиот состав на тимот што го предводи Маурицио Сари.
Шчешни ја игра својата трета сезона во клубот, а актуелниот договор му истекува во 2021 година. Полјакот и минатата и оваа сезона брани во добра форма се покажа како вистинска замена за Џиџи Буфон. Поради тоа нему ќе му биде понуден нов договор.
Истото е ќе се случи и со Квадрадо кој во клубот е од 2015 година.
Колумбиецот може да ги покрие двете позиции на десната страна. Неговата поливалентност ги натерала клупските челници да му понудат нов договор на 31 годишниот фудбалер.
Планот на Јувентус е новите договори Шчешни и Квадрадо да ги потпишат пред почетокот на јануарскиот преоден рок.