Top Sport

Федерер: Не знаев дека Новак има таква низа на победи против мене

Роџер Федерер, по четири години, синоќа успеа да забележи победа над Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот славеше со 6/4, 6/3 и се пласира во полу-финалето на Завршниот мастерс во Лондон.

„Пред мечот разбрав дека толку долго го немам победено. Чувствува дека е време да го победам. Задоволен сум од начинот на кој што го одиграв мечот, задоволен сум дека го победив Новак.
Пред синоќешниот дуел Федерер исто така го победил Ѓоковиќ во Лондон на Завршниот мастерс во 2015 година. Тогаш ШВајцарецот победил во последното коло во групата, но на крајот Ѓоковиќ го освоил турнирот.

Оваа победа барем малку ќе му ги залечи раните на Федерер за поразот пред четири месеци од истиот противник во финалето на Вимблдон, кога во решавачкиот сет не реализираше две меч-топки.

„Не постоеја никакви духови од Вимблдон. Тоа е нешто на кое инсистиравте вие новинарите“, заклучил Федерер.

Scroll to Top