Top Sport

Наскоро крај на „сагата Икарди“, Интер ќе ги исполни барањата на Ванда Нара?

Според „Кориере дело спорт“, наскоро можеме да видиме крај на „сапуницата“ на Мауро Икарди и Интер, откако миланскиот клуб ќе даде понуда на неговата менаџерка и сопруга Ванда Нара, која таа нема да може да ја одбие.

Ситуацијата со аргентинскиот напаѓач излезе надвор од контрола последните недели, откако Интер му ја одзеде капитенската лента поради неговото одбивање да патува во Виена за мечот од Лига Европа тврдејќи дека е повреден, иако тестовите покажаа дека нема проблем.

Сепак,со новата понуда за четиригодишен договор со 6.5 милиони евра плата по сезона, Икарди би станал најплатен фудбалер на Интер и трет најплатен фудбалер во Серија А, само зад Кристијано Роналдо и Пауло Дибала од Јувентус.

Според весникот, Нара барала 10 милиони евра по сезона за напаѓачот, сума која Интер едноставно ја одбил. Останува да се види како ќе реагираат на ова и навивачите на клубот, кои полека ги губат нервите со Икарди и неговата сопруга.

Scroll to Top