Top Sport

Ферари се најбрзи, но Ред бул може да победува

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко верува дека Ферари се најсилниот тим во Формула 1 пред вториот зимски тест, но сигурен е дека и неговиот тим ќе се бори за победи во 2019 година.

Австрискиот тим имаше позитивен старт на соработката со Хонда, комплетирајќи четири дена тестирање на „Каталуња“ без посериозен проблем со постојаноста на моторот на јапонската компанија и покрај шпекулациите дека поради вибрациите не може да се извлече максимум моќ.

„Од тоа што го видов на патеката, Ферари сигурно имаат најбрз болид, а зад нив се Ред бул и Мерцедес. Да видиме што можеме да направиме, но во моментов сме оптимисти дека ќе се бориме за победи со сопствени сили, а не само ако другите маат проблеми или на посебните трки како Монте Карло или Сингапур“, вели Марко.

Ред бул првата тест-сесија ја завршија со 1.4 секунди заостанување зад најдоброто време поставено од Нико Хилкенберг во Рено. Вториот тест во Барселона секогаш дава подобра слика за вистинскиот распоред на силите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top