Top Sport

Наскоро светот ќе ја види последната пресметка помеѓу Меси и Роналдо

Вчера беше објавено дека Кристијано Роналдо потпишал за Ал-Наср и дека во тој клуб од Саудиска Арабија ќе ја заработува највисоката плата во историјата на фудбалот. Затоа многумина претпоставуваа дека со заминувањето на Роналдо на другиот крај на светот и фактот дека следното Светско првенство ќе биде само за четири години е сигурно дека Роналдо и Меси никогаш повеќе нема да играат еден против друг.

Сепак, се чини дека нема да биде така, односно постои шанса Португалецот и Аргентинецот ќе ги одмерат силите следниот месец.

Имено, фудбалерите на ПСЖ во јануари ќе отпатуваат за Саудиска Арабија каде ќе одиграат пријателски натпревар, а противник ќе им биде комбинираниот тим на двете најдобри саудиски екипи Ал-Наср и Ал-Хилал.

Сосема е јасно дека Роналдо ќе биде во тој тим, а веројатно и богатите сопственици на ПСЖ нема да ја пропуштат можноста да му обезбедат место во првите 11 на ПСЖ на Лионел Меси.

Јассно е дека фудбалскиот свет ќе има можност повторно да ги види еден спроти друг двајцата најдобри во изминатите две децении.

Scroll to Top