Вест хем јунајтед го потврдија трансферот на Самир Насри во премиерлигашот до крајот на сезоната, откако проблематичниот француски играч од средниот ред ја отслужи својата 18-месечна допинг-суспензија.
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Арсенал и Манчестер сити, тренираше со „чеканите“ од минатиот месец, откако си замина од Турција и ќе стане официјален член на клубот од 1 јануари.
„Го избираш клубот и проектот поради амбициите, а сметам дека Вест хем има сè што е потребно да биде еден од најголемите клубови во Лондон. Се враќам во најконкурентната лига на светот, во тим полн со амбиции со менаџер што добро го познавам. Ова е најдобрата работа на светот“, вели Насри.
31-годишниот Насри прво доби шестмесечна суспензија поради нелегална трансфузија, која беше зголемена на 18 месеци во август по жалба на УЕФА.
Насри играше за Арсенал од 2008 до 2011 и се приклучи на Сити во период во кој освоија две лигашки титули, пред да влезе во конфликт со Пеп Гвардиола. Во 2016 тој замина на позајмица во Севилја, пред да направи трансфер во Анталијаспор, откаде замина во јануари.
Following a successful period of training at Rush Green, the French midfielder has joined the Hammers on an initial contract until the end of the 2018/19 season, with the option to extend his stay in east London.https://t.co/l6eFAcUD3p
— West Ham United (@WestHamUtd) December 31, 2018