Top Sport

Тухел: ПСЖ нема да се извинува за поразот од Манчестер јунајтед

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел вели дека тимот нема да се извинува на навивачите за елиминацијата од Лигата на шампионите од Манчестер јунајтед.

Ова доаѓа откако на вчерашното дерби со Марсеј, дел од навивачите протестираа против тимот по неочекуваната елиминација од Јунајтед.

„Не треба да се извинуваме, а верувајте ние сме најмногу разочарани. Тоа се случи. Го познавам мојот тим. Кога ќе загубиш голем натпревар, а загубивме таков, морате да прифатите сите да коментираат“, вели германскиот тренер.

„Ултра“ групациите на навивачите на ПСЖ не навиваа во првите 15 минути од мечот со Марсеј, а на трибините имаше пораки како: „Не забораваме“, „Почитувајте ја институцијата ПСЖ“.

Ултрасите го бојкотираа ПСЖ, „светците“ до победа во францускиот „Ле класик“ (видео)

Scroll to Top