Манчестер сити и Арсенал, вечерва ќе се соочат во веројатно клучниот натпревар, во борбата за шмапионската титула.
Арсенал, лесно ја испушти огромната предност, во дербито влегува со предност од пет бода и два натпревари повеќе од екипата на Пеп Гвардиола.
Самир Насри, во кариерата играше за двата клуба, во изјава за „Лекип“, тој го коментираше дербито и го навлече гневот на навивачите на Арсенал. Насри не се раздели пријателски со Арсенал кога премина во Сити, а со години е во војна со навивачите.
„Сити ја достигна најдобрата можна форма во овој дел од сезоната. Сите играчи му се на располагање на Гвардиола и на крајот од сезоната влегуваат со најсилниот тим, што не беше случај порано. Од друга страна, Арсенал забавува, паѓа и ја губи формата. Тие беа лидери во текот на целата сезона, но потфрлија кога дојде најважниот дел од сезоната. Кога не си навикнат да освојуваш трофеи, тогаш стануваш нервозен и тоа се случи со Арсенал“, рече Насри.