Top Sport

Настапот на Милан во ЛЕ го одредува терминот за дербито со Интер

Градското дерби помеѓу Милан и Интер не се одигра во неделата поради смртта на капитенот на Фиорентина Давиде Астори. Покрај дербито беа одложени сите натпревари од неделната програма.

Италијанската лига вчера соопшти дека одложените натпревари ќе се играат на 3. и 4.април, исклучок е дербито, односно настапот на Милан во Лига Европа.

Имено, доколку Милан испадне од Лига Европа тогаш дербито „Дела Мадонина“ ќе се игра според утврдениот распоред, но ако Гатузо и неговите избраници продолжат во Лига Европа тогаш лигата ќе мора да бара друг термин.

Според италијанските медиуми, првиот нареден термин е 25.арил, но само во случај Милад да не стигне до полу-финалето во Лига Европа.

Доколку „росонерите“ изборат пласман во полу-финалето во ова натпреварување, тогаш натпреварот би се играл на 9.мај за кога е закажано и финалето во Купот на Италија, Милан ќе игра против Јувентус. Во тој случај финалето на Купот би се играчо на 26.мај.

Scroll to Top