Top Sport

МКФ одржа состанок со селекторите

Генералниот секретар при Македонската кошаркарска федерација (МФК), Моника Гаврилоска, заедно со спортскиот директор Владимир Темелковски и претседателот на Стручниот совет Марјан Лазовски одржаа состанок со селекторите на сите младински репрезентации кои ова лето ќе учествуваат на Европски првенства. На состанокот присуствуваа сите селектори со исклучок на Никола Василев кој поради работни обврски во Литванија најави отсуство.

„Овој состанок го свикавме со цел да се запознаеме меѓусебе и да поставиме некои основни цели за во блиска иднина. Не се сметам дека за стручен во кошарката, но јас сум поставен на оваа позиција за да помагам и да се залагам за да се обезбедат соодветни услови за вас и за вашата визија за конкретната селекција која ја водите. Дека во изминатите неколку години имаме лоши резултати е факт, но поентата е да се свртиме кон иднината и да видиме што понатаму. Сите селектори треба да достават идеален план и програма за работа на селекцијата како и очекувања од активностите“, рече спортскиот директор Темелковски.

Крајниот рок до кој селектороите треба да го достават план и програма за подготвителниот период е 14.март.

Scroll to Top