Шалке му дозволи на Матија Настасиќ да се пресели во Милан. Српскиот репрезентативец оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер, а наредното лето Милан ќе имаат можност да го откупат неговиот договор. Настасиќ е под договор со клубот од Гелзенкирхен до јуни 2022 година.
„Скај спорт Италија“ објави дека челниците на Милан и Шалке наскоро ќе ги финишираат преговорите.
Матија Настасиќ во 2011 година од Партизан се пресели во Фиорентина, а по само една сезона неговиот договор го откупи Манчестер сити, во јули 2015 година тој од Сити се пресели во Шалке.
За Шалке има одиграно 139 натпревар, на кои постигнал два гола.