Израелецот Бибрас Натхо пристигнал во Белград на завршните преговори со Партизан. Како што пренесоа српските медиуми, кога ќе ги мине лекарските прегледи, Натхо ќе потпише три годишен договор со Партизан.
Црно-белите нема да платат обесштетување за Изреалецот бидејќи тој е е слободен играч откако му заврши договорот со Олимпијакос. Минатата сезона 31 годишниот фудбалер одиграл 34 натпревари за грчкиот тим.
Во кариерата Натхо настапувал за Хапоел од Тел Авив, Рубин Казањ, ЦСКА Москва и ПАОК.