Top Sport

Хауард ќе се врати во ЛА Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс биле подготвени да го вратат во своите редови Двајт Хауард. „Супермен“ ќе игра на местото на Демаркус Казинс кој доживеа нова тешка повреда и веројатно нема да одигра ниту еден меч наредната сезона.

Лејкерс со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис подготвуваа напад на шампионската титула, а намерата им е Дејвис да игра не игра на центарската позиција, туку на биде крилен-центар. Поради тоа во клубот го сакаат Хауард, кој во сезоната 2012/2013 за Лејкерс имаше просек од 17,1 поени и 12,4 скока по натпревар.

„Супермен“ е играч на Мемфис Гризлис меѓутоа во Тенеси не сметаат на неговите услуги што значи дека наскоро тој може да се врати кај „езерџиите“.

Хауард во кариерата играл за Орландо, Хјустон, Атланта, Вашингтон и Мемфис.

Scroll to Top