Top Sport

„Натпревар што ќе го реши победникот во групата“

Македонската фудбалска репрезентација утре против Еренија го игра првиот домашен натпревар, во Д-дивизијата, во Лига на Нации. Македонија, овој циклус на натпревари го започна со победа во Гибралтар 2:0, додека Ерменија на домашен терен го победи Лихтанштајн со 2:1. Во пресрет на пресметката со Ерменија, прес конференција одржаа селекторот, Игор Ангеловски и капитенот, Горан Пандев.

„Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч. Победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Очекувам да забележиме позитивен резултат“, изјави Игор Ангеловски.

Важноста на овој меч, за понатамошниот развој на настаните во групата, го потенцира и капитенот Пандев. Играчот на Џенова смета дека дека утрешниот натпревар е исклучително значаен.

„Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, изјави Пандев.

Натпреварот на стадионот „Филип Втори“ ќе започне во 18 часот.

фото: ffm.mk

Scroll to Top