Top Sport

Натпреварите во Англија ќе бидат стопирани за време на Рамазан

Сите фудбалски лиги во Англија добија инструкции да им дозволат на играчите да го прекинат постот за време на натпреварите што се играат за време на Рамазан.

На службенте лица на натпреварот им биле дадени инструкции да дозволат пауза во играта за време на која играчите би можеле да испијат нешто или да земат дел од енергетските гелови, односно додатоци во исхраната, пренесува „Скај спорт“.

„Некои од најдобрите фудбалери во земјата, вклучително и Мохамед Салах од Ливерпул, Ријад Махрез од Манчестер сити и Н’Голо Канте од Челзи, се очекува да постат овој месец и да се воздржуваат од храна и пијалоци во текот на денот во важниот период за муслиманите“, објави „Скај спорт“.
.
Рамазанскиот пост започнува во среда и ќе трае еден месец.

Scroll to Top