Top Sport

„Натпреварите во Србија од декември до јуни се наместени“

Поранешниот капитен на Црвена ѕвезда, Ненад Ковачевиќ, со една своја изјава крена „голема прашина“ во Србија.

Ковачевиќ во два мандати го носел дресот на Црвена ѕвезда (од 2002 до 2006 и во 2011), одиграл 97 натпревари и постигнал еден гол.

Кобачевиќ сега работи како тренер во екипата на Сопот. Во интервју за „Ало“ тој открива зошто фудбалот во Србија не може да го достигне нивото на силните национални шампионати низ Европа.

„До декември кај нас се е регуларно, а од декември до јуни се е наместено. Почнувајќи од младите категории се до втората и првата лига. Се е познато и пред да започнат натпреварите“, рекол Ковачевиќ.

Ненад Ковачевиќ во кариерата има одиграно и 25 натпревари за репрезентацијата на Србија.

Scroll to Top