Top Sport

Натпреварот Челси-Ливерпул ќе започне 90 минути порано

Терминот за почетокот на финалето на Лига купот помеѓу Челзи и Ливерпул е поместен на барање на полицијата.

Лондонската полиција бараше тоа да се направи бидејќи смета дека подоцнежниот почеток носи поголем ризик од нереди.

Двата тима се борат за трофејот во недела, но не во 16.30 часот како што првично беше планирано, туку 90 минути порано.

Натпреварот на Вембли ќе започне на 4 февруари во 15 часот.

Челзи до финалето стигна победувајќи го Мидлсброу, во првиот меч загуби со 1:0, а во вториот победи со 6:1.

Што се однесува до избраниците на Јирген Клоп, тие одиграа играа со Фулам, на првата средба победија со 2:1, а во реваншот беше 1:1.

Scroll to Top