Top Sport

Натпреварот на Паркен ќе продолжи во 20.30 часот

Данска и Финска ќе го продолжат натпреварот кој беше прекинат во 43.минута, кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Иако првично беше објавено дека натпреварот нема да продолжи, УЕФА се огласи со информација дека дуелот на Паркен стадионот во Копенхаген ќе продолжи во 20.30 часот.

Ериксен, кого десет минути на теренот, лекарските екипи се обидуваа да го реанимираат и кој со кислородна помош беше изнесен од стадионот, се наоѓа во стабилна состојба.

Најдобриот дански фудбалер, ќе остане во болницата во Копенхаген, каде ќе му бидат извршени дополнителни тестови.

Покрај УЕФА и репрезентатвците на Данска и Финска се договориле мечот да продолжи.

Scroll to Top