Утрешниот натпревар во првенството на Србија помеѓу Партизан и Чукарички би можел да биде одложен поради коронавирусот.
Како што објави „Б92“ шестмина фудбалери на Чукарички почувствувале симптоми на вирусот Ковид-19, поради што заедно со тренерот на клубот Алкесандар Веселиновиќ биле испратени на тестирање.
Имињата на фудбалерите се држат во тајност.
Партизан според планот утре од 19 часот треба да го пречека тимот на Чукарички.
Доколку тестовите на фудбалерите бидат позитивни најверојатно мечот ќе биде одложен.