Top Sport

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул може да се преигра?

Еден од најпознатите британски адвокати кои се занимаваат со спортско право, Тејлор Хит, проговори за правилата на Премиер лигата кои можат да доведат натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул да се преигра.

Натпреварот беше проследен со серија грешки на судиите, Ливерпул доби два црвени картони и на крајот го загуби натпреварот со 2:1. Сепак, најмногу полемики предизвика одлуката да се поништи голот на Луис Дијаз во 34. минута при резултат 0:0. Конкретно, судиите се најдоа во центарот на вниманието кога по официјалното барање на Ливерпул, во јавноста беше објавена аудио снимката од ВАР собата.

„Правилото L18 вели дека одборот на Премиер лигата има моќ да нареди повторување доколку тоа е предложено од комисијата според Правилото W51“, објасни Хит.

„Дополнително, Правилото W1 вели дека одборот на Премиер лигата има можност да ги испита сите прекршувања на правилата, вклучително и оние направени од судиите, додека Правилото бр. 4 дозволува секој поединечен судија да се согласи неговите одлуки да бидат прегледани во согласност со Законите на играта, но и во согласност со актуелните протоколи на Фудбалската асоцијација“, продолжува Хит.

„Тоа му остава можност на Ливерпул да лобира во Премиер лигата и да го убеди одборот да ги примени овие правила, да формира комисија на која има право и на тој начин да ја искористи својата моќ да се избори натпреварот да биде повторен“, вели адвокатот и на крајот додава:

„За да има случај надвор од опсегот и јурисдикцијата на Премиер лигата, Ливерпул треба да започне со докажување дека имало прекршување на непишан договор за доверба меѓу двете страни кога станува збор за почитување на правилата или тврдење дека судиите ги извршуваа своите должности на невнимателен начин што довело до нивен пораз“.

Scroll to Top