Top Sport

Навалка: Полјаците се лути, тоа ќе го почувствуваат Колумбијците

Полските фудбалери уште се лути за шокантниот пораз од Сенегал во првото коло на Мундијалот, и оваа лутина ќе ја искористат за голема победа над Колумбија, вели нивниот селектор Адам Навалка.

Полска, која е осморангирана на ФИФА листата, ќе мора да победи во дуелот во Казан во недела, бидејќи предадоа два лоши гола за 2:1 пораз од африканската репрезентација.

„Очекуваме тежок и интензивен меч, но верувам дека ќе бидеме победнички расположени по мечот. Бевме многу лути по поразот, така што утре ќе играме на друго ниво. Ќе ја видите нашата енергија“, вели Навалка.

Полјаците влегуваат во мечот со загриженост околу одбраната по отсуството на бекот Камил Глик, кој беше на клупата против Сенегал, но и со грижи околу недостатокот на голови од првата ѕвезда, Роберт Левандовски.

„Глик сака да биде на теренот, но ќе видиме дали му е потребно време за опоравување. Знаеме што умеат Колумбијците, посебно бидејќи и тие доаѓаат по пораз, но ние сме силен тим“, додава Навалка.

Фото: ЕПА

Scroll to Top