Top Sport

Шверцувале кокаин во копии на мундијалскиот пехар

Дел од Аргентинците не очајуваат поради слабите резултати на својата репрезентација на Мундијалот, туку се обидуваат да го искористат фудбалското лудило за профит.

Министерот за безбедност на провинцијата Буенос Аирес потврди дека полицијата разбила организација која шверцувала кокаин и марихуана во копии на мундијалскиот пехар. Таканаречените „Наркос де ла копа“ го искористиле фудбалскиот момент за да шверцуваат дрога, меѓутоа аргентинската полиција не гледала многу фудбал.

„Трговците на смртта имаат бескрајна имагинација, но нема да не излажат. Не треба да им се восхитуваме. Тие сега се во затвор“, вели министерот Кристијан Ритондо.

Полицијата објави дека се запленети 20 килограми марихуана, 10 килограми кокаин, 1.800 дози крек-кокаин и 400.000 аргентински пезоси (околу 15.000 евра). Во операцијата, се уапсени четири мажи и две жени.

Scroll to Top