Полуфиналистот во ЛШ, француски ПСЖ денеска го активираше четвртиот голман, 20-годишниот Гарисон Инокента затоа што првата „единица“ во клубот, Кејлор Навас е повреден и е неизвесен за настап против Лајпциг во вторник.
Костариканецот во четвртфиналето против Аталанта предвреме го напушти теренот жалејќи се на повреда на бутниот мускул. Навас утре ќе оди на дополнителен преглед и докторите ќе решат дали е пособен за настап на следниот меч.
Освен 33-годишниот чувар на мрежата, „Светците“ на располагање ги имаат 26-годишниот Серхио Рико и 20-годишниот Полјак, Марцин Булка.
Екипата на Тухел во полуфиналето е фаворит, па евентуалното отсуство на Навас би било удар за амбициите на клубот.