Top Sport

Навистина нема среќа! Вернер дал 14 гола за Челси, 16 му биле поништени

Тимо Вернер пристигна во Челси со репутација на класа-напаѓач, кој доминираше во Бундеслигата, но на „Стемфорд Бриџ“ неговата неверојатна серија продолжи со поништен гол против Саутемптон во саботата.

Сега, тој има неверојатни 16 поништени голови во дресот на лондонските „сини“ и само 14 голови. Вернер даде еден гол во саботата против „светците“, но обидот во првото полувреме со убав гол со глава му беше поништен откако Цезар Азпиликуета направи фаул пред акцијата за голот. По мечот и самиот призна дека му е мака од поништените голови.

„Не се надевав дека повторно ќе ми поништат гол, бидејќи ти ја зема енергијата кога ќе дадеш гол, ќе прославиш со фановите, а потоа те праќаат на центар со пониште гол. 16 пати, велите? Тешка работа, но што да правам. Поддршката од навивачите ми значи многу и ќе се обидам да ги направам среќен секогаш кога ќе излезам на терен“, вели Вернер.

Scroll to Top