Top Sport

Навивач доби брутален одговор откако Јунајтед го спореди со Шрусбери таун

Манчестер јунајтед гостуваше на „Енфилд“, кај Ливерпул и претрпе пораз од 0:4, што предизвика бројни реакции кај навивачите.

Еден од нив го спореди великанот од „Олд Трафорд“ со англискиот третолигаш Шрусбери таун, а потоа го доби брутален одговор од клубот кој се натпреварува во Лига 1 (Трета лига во Англија).

„Изгледаме како Шрусбери на Енфилд“, напиша навивачот на Твитер, алудирајќи на меч од почетокот на годината во кој третолигашот му гостуваше на Ливерпул во ФА Купот. Бидејќи таму беше Шрусбери таун беа поразени со 1:4, одговорот што навивачот го доби од клубот отиде во таа насока.

„Ние постигнавме гол на „Енфилд, вие не“, гласи порака на 17.пласираниот клуб во Лига 1.

Scroll to Top