Top Sport

Селта играше, Севилја победи

Севилја победнички мина на тешкото гостување о Виго. Рафа Мир го постигна единствениот гол во триумфот над Селта.

Селта, играше подобро, имаше подобри шанси, но не Мина, Нотило и Галан не успеаја да го совладаат Бону.

Севилја ја искористи еднистената вистинска шанса. Играчите на Селта го блокираа Сусо, топката среќно се одби во ногата на Мир, кој немаше проблем да го погоди голот. Моментот во 54. минута го реши победникот.

Неколку минути претходно Санти Мина, по одличната тимска акција, ја погоди стативата.

Севилја со овој триумф се израмни со Реал и Атлетико на второто место.

Scroll to Top