Дуарте Мендеш, навивач на Бенфика го исполни ветувањето и трчање гол еден километар откако во неговиот тим дојде Германецот Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд.
Во еден од најизненадувачките трансфери оваа зима, Вајгл се реши да се обиде во португалскиот шампионат, иако беше поврзуван со трансфер во Пари Сен-Жермен и Интер.
Мендеш, можеби несреќно, на 17 декември ветил дека ќе трча еден километар гол, и сега го исполни тоа.
„Се викам Дуарте Мендеш и напишав дека ќе трчам гол доколку Вајгл дојде во Бенфика. Денеска тоа ќе го ннаправам. Бог простува,но Јулијан не!“, изјави навивачот пред да го исполни ветеното.