Top Sport

Тухел не го дава Кавани: Преодниот рок не е „Монопол“

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел вели дека не планира да загуби ниту еден фудбалер во текот на зимскиот преоден рок, ставајќи крај на шпекулациите дека Единсон Кавани ќе го направи долгоочекуваниот трансфер во Атлетико Мадрид.

„Сакаме да ги освоиме титулите во сите натпреварувања, а за тоа ни е потребен силен тим и мораме да направиме тешки одлуки. Тоа е непоходно во клуб како Пари Сен-Жермен. Не сакам промени на тимот сега. Ова не е игра ’Монопол’“, изјави Тухел.

32-годишниот Уругваец Кавани не ја криеше желбата да замине во Атлетико, но од друга страна ПСЖ сака да направи одлука според спортски, а не финансиски побуди, посебно бидејќи неговиот договор завршува во текот на летото.

Од друга страна, за Атлетико ова е лоша вест, посебно поради повредата на Диего Коста со што Алваро Мората е единствениот вистински напаѓач во тимот.

Scroll to Top