Полицијата во Лондон потврди дека еден навивач на Милдзборо е уапсен откако уринирал во шишето за вода на голманот на Квинс Парк Ренџерс, Алекс Смитис.
Видеото од навивачот, кој стоеше зад голот на Смитис на „Лофтус роуд“, јасно покажува дека тој уринира во шишето пред да го врати на теренот. Според полицијата, тој успеал да најде шише кое било земено претходно од Смитис.
Од Мидлзборо најавија дека навивачот ќе биде исфрлен од сите натпревари на клубот во иднина.